Синодот на БПЦ утре ќе расправа за писмото на МПЦ
Синодот на БПЦ утре ќе го одржи своето прво редовно зимско заседание на кое се очекува да биде разгледано писмото на МПЦ ОА која бара признавање на автокефалноста а за возврат БПЦ да биде нивна црква мајка. Тивко бдение за поддршка на патријархот и митрополитите најавија потписниците на иницијативата преку која академици, историчари, јавни личности од Бугарија бараат бугарскиот Синод да го прифати барањето на МПЦ. Јавно ги поканија сите граѓани кои сакаат да дадат поддршка утре да се соберат пред зградата на Синодот во Софија со што ќе побараат да се донесе најмудрото решение за писмото. Горан Благоев новинар и потписник на иницијативата очекува Синодот да објави дека го примиле писмото но сензационална реакција смета дека нема да има.
- Желбата ние да поткрепиме најмирен и најдобар начин за нашите архиепии. Сметаме дека желбата на МПЦ е исклучително важен историски акт кој треба да го добие и најлогичниот крај. Лично не очекувам утре да имаме сензационална реакција БПЦ веднаш да одлучат да биде црква мајка на МПЦ. Утре очекувам св синод да објави дека е примено писмото и дека шќе почне процедура за одлучување. Бидејќи е исклучително важно, тоа писмо може да биде без последици, де факто да се одлучи со молчење. Сепак треба синод да каже дека ќе даде дозвола и дај боже во скоро време да има резултат, изјави Горан Благоев
Како потписници на иницијативата се надеваат дека во натамошното заседавање, БПЦ ќе прифати да биде продолжена рака на МПЦ која прва ќе ја прифати афтокефалноста.
Меѓу потписниците на писмото се и Стефан Воденичаров, претседател на Бугарската академија на науките, јавни личности, главни уредници на неколку медиуми во Бугарија, голем број потомци на истакнати македонски дејци како Михаил Развигоров – внук на војводата Мише Развигоров, Елисавета Шапкарева, правнука на Кузман Шапкарев, Христо Матов – внук на револуционерот Христо Матов.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар