-->
-->
Симовски: Двата натпревара беа неверојатни, за среќа ние победивме
-->
Македонската репрезентација стигна до посакуваните две победи на Полска (3:2 вчера и 3:1 денеска) и сега по вечерашната победа на Словенија над Грција со 3:1 во сетови за пласман на завршниот турнир потребна е уште една победа на Словенија над Грција. Со овој триумф Словенија веќе го потврди првото место на завршниот турнир.
По дуелот со Полска Јовица Симовски изјави:
- Двата натпревара беа неверојатни. Со многу блокови, добра одбрана и добри напади и гледачите имаа убава можност да проследат убава игра во која за среќа ние двапати победивме. Ние нашата работа ја завршивме и сега ќе ги чекаме другите резултати.
Селекторот Жарко Ристоски истакна:
- Ние го повторивме резултатот од ланската сезона во Европската лига што беше наша цел и сега ќе чекаме резултат од натпреварот Словенија - Грција (Словенија победи на првиот дуел). Очекувавме Полска да одигра подобро од вчера, но останавме фокусирани и го одигравме тоа што го подготвивме.
Словенија ја победи Грција со 3:1 во сетови ( 25:13, 26:24, 18:25, 25:23). Иако Грција водеше со 23:21 во четвртиот сет.
Табела А група:
1. Естонија 10-0 (победи -порази) 29 бодови,
2. Македонија 7-3 21
3. Полска 6-4 16
4. Данска 3-6 7
5. Австрија 2-7 10
6. Израел 1-9 4
Табела Б група:
1. Словенија 9-0 26
2. Грција 7-2 20
3. Турција 5-4 13
4. Белорусија 2-7 8
5. Хрватска 2-7 7
6. Романија2-7 7
При пласманот на табелата најпрвин решавачки се победите, а потоа бодовите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа