Сидата рапидно се шири во Македонија 20 нови случаи за првите 6 месеци годинава од нив само едно е женско
Мажите почесто заболуваат од ХИВ и СИДА во Македонија. Првите 6 месеци годинава во земјата дури 20 лица се заразиле од кои дури 19 од нив се од машки пол. Според половата разлика каде во светот таа е 50 -50, во Македонија е евидентно дека има разлика, алармираат епидемиолозите. Дека инфекцијата рапидно расте во земјата покажуваат и податоците од 2015 кога имало 32 случаи во споредба со 20 за само половина година. Од извештаите на Институтот за јавно здравје, петмина од регистрираните во 2016 веќе заболеле а кај 15 е евидентирана ХИВ инфекција. Најголем број заразата ја добиле по хомосексуален пат.
Дури 14 од нив се од Скопје, по два случаи има во Прилеп и Гостивар и по еден во Штип и Струга. Најмногу се млади до 29 години, но има и еден повозрасен маж кој е постар од 60 години. Од Клиниката за инфективни болести велат дека нема проблеми и сите пациенти ја добиваат неопходната терапија.
Од евиденцијата што ја водат во Институтот за јавно здравје, во моментот 216 лица во земјата живеат со ХИВ и СИДА. Од 1987 година кога е регистриран првиот случај, досега 80 лица починале.
Во 2016 програмата на Министерството за здравство за превенција од ХИВ/СИДА е 45 милиони и е двојно повеќе од ланската година. Светската здравствена организација упати апел дека сите заразени треба да бидат на антиретровирусна терапија.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар