Спорт плус
17. February 2018 - 15:46

Штох златен на големата скокалница

Златниот медал на голема скокалница во машка конкуренција поединечно му припадна на Кампл Штох. 
 
Полјакот кој две години во низа триумфираше на турнејата Четири Новогодишни скокалници, го освои златниот медал на Олимпијадата во Пјонгчанг, благодарение на највисоките оценки кои ги доби од судиите за скоковите од 135 во првата и 136,5.м. во втората серија. 
 
Германецот, Андреас Велингер кој имаше најдолг скок денеска со 142.метри мораше да се задоволи со среброто, а бронзата му припадна на Роберт Јоханскон од Норвешка.