Македонија
30. August 2016 - 19:33

Што се се вади од детски организам во болница?

Оваа ланче е извадено од дишникот на 9 месечно бебе. Го вдишало додека си играло.

Интервенцијата за отстранување на предметот  успешно е извршена во детската болница Козле.

Обетки, игли, бисерчиња, кикирики...Богата е колекцијата на  предмети извадени со бронхоскопија.

Годишно во болницата како итни случаи со туѓо тело завршуваат околу 250 пациенти. Повеќето се деца.

Со новиот апарат за видео бронхоскопија овие интервенции ќе можат и да се документираат.

Инаку во новиот објект на болницата двојно е зголемен бројот на пациенти.

Дури 70 проценти од медицинскиот персонал во болницата бил на обука во позната странска болница. Планот е наредниот период сите вработени да поминат едукација во некој познат медицински центар во Европа.