Што ќе значи спојувањето на VIP и ONE за нивните корисници?

Вип оператор и Оне ја затворија трансакцијата за спојување на двата правни ентитетaво една компанија - оне.Вип ДОО Скопје, кој сега е предмет на регистрација во Централниот регистер на РМ. Затворањето на трансакцијата се случува откако,во јули оваа година,Комисијата за заштита на конкуренцијата на РМ го одобри спојувањето на двата телекомуникациски операторa.
Новоформираниот споен субјект оне.Вип официјално се очекува да биде регистриран на 1.10.2015. Од тој датум, новата компанија целосно ги презема сите права и обврски кои произлегуваат од досегашното работење на Вип и Оне, вклучувајќи ги и договорите кои корисниците ги имаат, а кои продолжуваат да важат под истите услови под коишто се склучени. Ова значи дека корисниците и понатаму ќе добиваат најдобри услуги, со највисок квалитет и непроменети цени, согласно тарифниот модел што го имаат избрано.
Сè до целосната интеграција на сите технички системи, што се очекува да заврши до крајот на 2016 година, новата компанија оне.Вип ќе продолжи да ги обезбедува услугите за корисниците преку постојните мрежи, тарифни портфолија и продажни места на Вип и на Оне.
Новата компанија оне.Вип ќе поседува доволен капацитет и обем кои ќе ѝ овозможат зголемени инвестиции и иновации, кои ќе ѝ овозможат да креира конвергентни понуди преку комбинација на современи мобилни комуникации, интернет и ТВ, со најдобар однос цена – квалитет на пазарот. Истовремено, спојувањето ќе ја стимулира и конкуренцијата, што ќе биде од полза на корисниците и понатамошниот развој на пазарот.
Новата компанија оне.Вип и понатаму ќе го задржи фокусот кон потребите на корисниците, останувајќи целосно посветена на креирањето понуда која ќе гарантира супериорно корисничко искуство.
Договорот за спојувањето на подружниците на Телеком Австрија Групацијата и Телеком Словеније Груп во Македонија беше објавен на 22. октомври 2014 година. Според тој договор, Телеком Австрија Групацијата поседува 55% и ќе има целосна контрола врз новосоздадената компанија оне.Вип, додека Телеком Словеније Груп поседува 45% од сопственоста. Покрај тоа, договорот вклучува и опции за излез на Телеком Словеније Груп од заедничкатакомпанија во рок од три години од завршувањето на спојувањето.
Ново на Сител
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција, се што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено
