Штипскиот Музеј потпиша договор за соработка со Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович“-Державин“
Директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј на град Штип, Зоран Читкушев и ректорот на Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович“-Державин“ - Свети Николе и Битола, Душан Николовски денеска потпишаа Договор за соработка со цел студентите, но и двете институции да разменуваат искуства во делот на истражувањата и да реализираа заеднички проекти.
-Посебно ме радува што ќе оствариме соработка во повеќе нивоа, со поголем квалитет и во делот на етнологијата, значи проучувањата на нашите традиции и нашата култура, но и во делот на правните науки, каде што ќе опфатиме дел од истражувањата, кои што се однесуваат за правните аспекти на заштитата на културното наследство и примената не само во Македонија, бидејќи Славјанскиот универзитет е меѓународен и во земјите каде што постои овој универзитет, вели Читкушев.
Ректорот на Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович“-Державин“, Николовски забележа дека потпишувањето на договорот за соработка е од исклучително значење за двете институции, а со него ќе биде опфатена и соработка со партнерскиот универзитет од Тамбов во Русија.
Претставници од овој руски универзитет веќе го посетиле штипскиот Музеј, а биле заинтересирани за истражување на обичајот Ч’ трсе, кој е на листата на УНЕСКО, а исто така заедно со вработените од Музејот сакаат да ги истражуваат и обичаите на местото Говедаров камен во Свети Николе.
Ново на Сител
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош