Македонија
3. јуни 2016 - 19:46

Штип доби нов современ мултимедијален центар, единствен од таков тип во источниот регион

 

Целосно изграден новиот мултимедијален центар во Штип, единствен од ваков тип во источниот плански регион. Новото ултра модерно здание со површина од 640 м2 никна врз објектот на старото летно кино кое беше целосно руинирано и надвор од фукнција. Во центарот има кино сала, две простории за состаноци и работилници.

Проектот вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион е со вкупен буџет од 485 000 евра, од кои што за изградба на овој објект, мултимедијалниот центар во Штип и активностите по проектот буџетот изнесува 340 000 евра.-изјави Драгица Здравева, директор на Центар за развој на Источно плански регион-ЦРИПР

Средствата се обезбедени од програмата за прекугранична соработка со Р. Бугарија и кофинасирање од страна на општината со 185 000 евра. Мултимедијалниот центар е отворен за потребите на претприемачите, малите и средни прептријатија, бизнис организации и здруженија, како и за јавната админастрација.

Во рамките на проектот креиран е и кластер за креативни индустрии во кои членуваат 36 мали и средни препријатија од едната и другата страна на границата.-додаде Здравеа

Целта на кластерот е да ги поттикне младите лица да се занимаваат со изработка на проекти кои како основна компонента ќе ја имаат иновацијата, односно иновативните идеи.