Македонија
15. May 2016 - 17:22

Штетата од „Шарената револуција“ досега е е околу 200.000 евра, најголема е штетата врз македонскиот идентитет

Досегашната штета направена од вандалите организирани од СДСМ, СОРОС и БЕСА, според првичните проценки изнесува повеќе од 200 илјади евра. Најголема штета е направена на Порта Македонија, која само при првото сквернавење изнесувала околу 15000 евра, износ кој дополнително ќе се зголеми бидејќи овој споменик беше дополнително уништуван. Со фарбањето на оградата на мостот “Слобода”, спомениците на АСНОМ, лавовите, паднатите херои и останатите спомен обележја, направена е штета повеќе од 100.000 евра.

За санирање на Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов, ќе треба да се одвојат 8.500 евра, додека фарбањето на фасадите на УЈП, како и Министерствата за надворешни работи, култура и правда, државата ќе ја чинат повеќе од 40.000 евра.

Не е завршена проценката за штетата направена врз Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, плоштадот Македонија, штетите врз фонтаните, како и последната мета на демонстрантите, македонското Собрание.

Дека ваквите протести ќе продолжат и во иднина, најави и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, кој рече дека ако треба, ќе паднат и жртви.

Освен материјална, ваквите протести нанесуваат и несогледлива штета на македонската историја, култура и идентитет, смета директорот на Порта Македонија, Бранислав Светозаревиќ.

 Додека демонстрантите од СДСМ и Сорос ја уништуваат и сквернават македонската историја и култура, институциите и граѓаните кои самоиницијативно се организираат, се обидуваат да го исчистат срамот. Во исто време, ниту еден споменик од албанската историја и не е оштетен.