Шпанскиот Врховен суд утре ќе објави потерница по Пуџдемон

Шпанскиот Врховен суд најверојатно утре ќе објави европска потреница за апсење на разрешениот претседател на регионалната Влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон, соопштија вечерва неименува судски извори.
Шпанскиот весник „Вангардија“ претходно објави дека Суд попледнево на барање на Јавното обвинителство веќе издало европска потреница по Пуџдемон.
Обвинителството денеска побара да биде издадена меѓународна потерница по Пуџдемон, откако тој не се појави на закажаното сослушување пред Врховниот суд.
Претходно, претседателот на Врховниот суд на Шпанија, Карлос Лесмес изјави дека, ако Пуџдемон не се појави пред Судот, нормалната процедура би била да се издаде налог за апсење
- Кога некој не се појавува, а судијата го повикува, во Шпанија или во која било друга земја на ЕУ, нормално е да се издаде налог за апсење, потенцира Лесмес.
Вкупно 20 каталонски политичари - Пуџдемон, 13 министри во неговата разрешена влада и шестмина членови на регионалниот Парламент, денеска беа повикани да се јават пред суд под обвинение за бунт и антидржавни активности.
Од сите нив, само Пуџдемон и четворица министри, кои се наоѓаат во Белгија, не се појават пред Судот во Мадрид.
Врховниот суд им одреди притвор на осуммина членови на разрешената Влада, додека поранешниот министер Санти Вила, кој поднесе оставка пред едностраното прогласување независност на Каталонија, е ослободен со кауција од 50.000 евра.
Продолжението на денешното сослушување на обвинетите, на барање на нивните адвокати, Врховниот суд го закажа за 9 ноември.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
