Ширер: Лукаку е преплатен!
Ден по манчестерското дерби, тема во англиските медиуми е напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку. Белгиецот, за кого клубот плати 80 и нешто милиони евра, во еден од најзначајните натпревари сезонава ја потврди лошата форма. Не успеа да постигне гол, а беше директен виновник за двата гола кои ги постигна Манчестер Сити.
„Мурињо не се согласува со констатациите и го тврди спротивното, но тој едноставно не работи доволно за тимот. Никој не се жалеше на почетокот на сезоната, но Лукаку досега не ги оправда парите кои се вложени во него. Жалам што морам да кажам, но сè што прави е за секунда или две пребавно“, рекол легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер.
„Разликата помеѓу врвните и добрите напаѓачи е едноставна. Врвниот напаѓач добива една шанса, каква што имаше Лукаку, и постигнува гол. Нема тука филозофија, тоа мора да се претвори во гол. Се надевам дека се чувствува како што се чувствував јас кога ќе пропуштев таква шанса. Ме прогонуваше до наредниот натпревар и не можев да се смирам сè додека не постигнев гол“, дополнил Ширер.
Ново на Сител
-
Тензично пред и внатре во албанскиот парламент
-
Минатата година во Србија идентификувани 82.000 случаи на детски труд
-
Мицкоски: Нема да ја повторувам како папагал придавката
-
Мицкоски: Гаши да се извини на граѓаните на Македонија бидејќи од тука зема плата
-
Кај уапсените Косовци поради шпиунажа во корист на Србија пронајдено оружје, муниција и гас-маски
-
Од идната недела уште повисоки температури
-
ЦУК: Пријави за змии во Скопје и Прилеп
-
Христијан Мицкоски мандатар за состав на влада