Свет
11. February 2016 - 10:23

Шест тинејџери загинаа во судир на училишен автобус и камион во западна Франција

Шест тинејџери загинаа во сообраќајка во реонот на западниот француски град Рошфор, соопшти полицијата.

При директниот судир на училишен автобус и камион повредени се три лица. Во автобусот се превезувале 18 луѓе.