Шест полесно повредени во две сообраќајки во Скопје
Шест лица биле полесно повредени во две од вкупно седум сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет незгоди била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло и шест возачи за неправилно престројување. Од сообраќај биле исклучени 14 возачи, од кои три лица го управувале возилото под дејство на алкохол и 11 возеле пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Од сообраќај биле исклучени 17 возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 84 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 93 возила.
Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици четврто одделение во ООУ „Стив Наумов“.
Ново на Сител
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници