Спорт плус
29. May 2017 - 16:21

Шест медали за пливачите на Бета во Бања Лука

Пливачите на клубот Бета викендот имаа настап на силниот пливачки натпревар „Бања Лука Опен“ кој се одржа во Бања Лука, Босна и Херцеговина од каде успеаја да се вратат со шест медали.
 
На победничкиот подиум се искачија:
 
-Ангеловски Љупчо 50 метри делфин трето место во финале;
-Цветкоски Стефан трето место 50 метри делфин и второ место на 100 метри делфин;
-Милковска Јана прво место 200 метри делфин каде постави и рекорд на митингот во нејзина категорија, второ место 50 метри делфин и трето место 100 метри слободно.
 
Од другите учесници од ПК Бета, Стошиќ Александар успеа да се избори за финале во дисциплините 50 метри слободно и 50 метри грбно, додека Стојаноски Андреј влезе во финале во трката 200 метри слободно.