Свет
24. August 2017 - 9:24

Шеснаесет лица загинаа од тајфунот Хато во јужниот дел на Кина

Бројот на загинати од тајфунот Хато, најсилната бура која за повеќе од половина век го погоди јужниот кинески регион околу Хонгконг, достигна 16 лица.

Речиси 153 луѓе се повредени поради големите поплави, прекинот на електрична енергија и кршење на врати и прозорци од силниот ветер и поројните дождови.

Властите во Макао соопштија дека на таа територија животот го загубиле осум луѓе.

Тајфунот усмртил и четири лица, а едно се води како исчезнато, во провинцијата Гвандун.

Хато го погоди регионот вчера, со брзина на ветрот од 160 километри на час, и продолжува да се движи кон западниот дел на Кина.

Стотици илјади локални жители и туристи во јужниот дел на Кина биле евакуирани. Големи земјоделски површини се поплавени, а околу два милиона семејства останале без електрична енергија.