Северна Кореја гради нов тунел за нуклеарни проби
Северна Кореја гради нов тунел на местото за нуклеарни проби, се наведува во јужнокорејски агенциски извештај, два дена пред челниците на Јужна Кореја, Јапонија и Кина да се сретнат во Сеул.
Американскиот министер за одбрана Ештон Картер исто така одделно ќе дојде во посета во недела во Сеул, со цел со јужнокорејските одбранбени претставници да разговара за реакции на ракетната и нуклеарната закана на Северот.
Местото се наоѓа на источниот брег на Северна Кореја каде се извршени три претходни нуклеарни проби, а работници и возила забрзано работат на нов тунел, јави Јонхап, повикувајќи се на неименувани извори од Владата.
- Фактот дека градат нов тунел, упатува дека намера е да се изврши нуклеарна проба во некој момент, наведува агенцијата. Нема докази кои би навеле на заклучокот дека подготовки се работат за тестирање во непосредна иднина, додаде изворот.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ