Македонија
14. August 2017 - 16:33

Семејство од Прилеп бара помош за санација на нивниот дом

Додека сите со денови се справувавме со енормно високите темеператури и се молиме за дожд, шестчленото прилепско семејство Јакупоски, мака мачи со последиците од дождот кој заврна пред петанесетина дена кога трошниот дом им бил поплавен, а покуќнината целосно уништена. “Главата” на ова сиромашно семејството раскажува дека ова не е прв пат да биде поплавен нивниот дом кој е изграден од неквалитетен материјал уште пред близу половина век. Се поплавувале и во минатите години, или поточно при секој дожд, а штетите редовно ги пријавувале, меѓутоа досега се уште никој не им помогнал, а бидејќи живеат од социјална помош, сами не можат да го санираат уништеното. 
 
Сопругата на Фадил не е баш во најдобра здравствена состојба. Вели дека секој ден го живеат во страв, па затоа секоја помош би им била добредојдена, оти сега, од нивниот, инаку каков-таков дом, останати се само трошните мувлосани ѕидови. 
 
Семејството Јакупоски живее во ромската населба “Тризла”, веднаш покрај Дабничкиот канал, каде локалните власти во моментов ги изведуваат  редовни активности за чистење на Каналот, кој, често се затнува бидејќи жителите недозволено го користат како депонија