-->
-->
СЕХА: Очекуван пораз на Металург од Веспрем
-->
Ракометарите на Металург претрпеа убедлив пораз на гостувањето во Унгарија кај Веспрем во натпревар од регионалната СЕХА лига.
Унгарскиот шампион го потврди својот квалитет и уште од самиот почеток ја презеде контролата над резултатот, па на полувремето македонскиот вицепрвак веќе имаше заостанување од осум гола 15-7. Во вториот дел од натпреварот унгарскиот тим рутинирано ја одржуваше предноста за на крајот да слави победа со 12 голови разлика 33-21 .
Во тимот на Металург најефикасен беше Филип Кузмановски кој средбата ја заврши со 5 голови, а Жарко Пешевски постигна 4 гола, додека кај Веспрем, Драган Гајиќ и Ренато Силиќ постигнаа по 6 гола.
Во вториот денешен натпревар меѓу Цеље го совлада Мешков Брест со 29-27. Со оваа победа Цеље ги зголеми шансите за освојување на место на завршниот турнир.
Вечерва, унгарскиот шампион, ќе го одигра и мечот против последнопласираната екипа на Извиѓач, додека во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути, македонскиот првак Вардар гостува во Словенија кај екипата на Горење Велње.
Следниот натпревар Mеталург ќе го игра на домашен терен во Скопје, против ППД Загреб и тоа во среда (8 февруари) со почеток од 17 часот и 45 минути.
Табела: Вардар 41 бодови, Веспрем 38, Целје 30, ППД Загреб 28, Мешков Брест 26, Горење Велење 12, Нексе 12, Металург 10, Татран Прешов 10 и Извиѓач 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија