Седница на српскиот Парламент за избор на нова влада
Српскиот Парламент денеска попладне ќе одржи посебна седница за избор на нова влада, во која ќе има 19 министри, вклучувајќи и тројца без ресор.
Владата ќе ја предводи Српската напредна партија (СНС), три министерски функции ќе заземат коалициските партнери од Социјалистичката партија на Србија (СПС), додека во кабинетот ќе се наоѓаат и непартиски личности. Во новата влада која ја предложи мандатарот Александар Вучиќ ќе има осум нови министри во однос на претходниот состав.
Претседателката на Парламентот Маја Гојковиќ очекува сериозна расправа за новата влада, која треба да биде избрана до крајот на неделава.
Претставувањето на експозето, според најавите на Вучиќ, ќе трае повеќе часа, по што ќе следува дискусија за програмата на владата и избор на нејзините членови, а на крајот ќе се гласа.
Во кабинетот на Вучиќ, доколку биде изгласан во Парламентот, прв вицепремиер и министер за надворешни работи ќе биде Ивица Дачиќ, вицепремиер и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, вицепремиер и министерка за градежништво Зорана Михајловиќ и вицепремиер и министер за трговија Расим Љајиќ.
Во новата влада министер за финансии ќе биде Душан Вујовиќ, министер за правда Горан Кнежевиќ, за земјоделство Бранислав Недимовиќ, за образование Младен Шарчевиќ, за здравство Златибор Лончар, за труд Александар Вулин, за култура и информирање Владан Вукосављевиќ и за млади и спорт Вања Удовичиќ.
За министри без ресори ќе бидат именувани Јадранка Јоксимовиќ, Славица Ѓукиќ-Дејановиќ и Милан Кркобабиќ.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници