Свет
29. November 2017 - 9:49

Седница на СБ на ОН по најновата севернокорејска нуклеарна проба

Советот за бебедност на ОН закажа за денеска вонредна седница по најновото севернокорејско лансирање балистичка ракета.

Италија претседава со Советот, а портпаролот соопшти дека седницата ја побарале САД, Јапонија и Јужна Кореја.

Северна Кореја вчера ја прекина 10-неделна пауза во тестирањето оружје, лансирајќи ракета за која Пентагон наведе дека е интерконтинентална балистичка ракета. СБ веќе има воведено најстроги санкции кон режимот на Ким Џонг Ун како одговор на ескалацијата на нуклеарната и балиситчка ракетна програма. Се очекува САД и Јапонија да побараат поригорозни мерки за Северна Кореја.

Северна Кореја тест

Официјален Пјонгјанг соопшти дека успешно тестирале нов балистички ракетен систем способен да погоди која било цел на американската континентална територија. Севернокорејската државна телевизија објави дека била лансирана ракета „Хвасонг-15“, многу помоќна од претходните.  Пјонгјанг по два месеца мир, лансираше најсилна ракета досега, а анлитичари проценуваат дека оружјето има дострел да погоди цели на територијата на САД, јавија американски медиуми.

Севернокроејската Влада соопшти дека ракетата Хвасонг-15 може да носи „нуклеарни глави со голема тежина“ и може да погоди цели на целото американско копно. Новинската агенција КЦНА пренесе дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изразил „големо задоволство“ бидејќи ракетата доистигнала максимална висина од 3.725 км и прелетала 998 км пред прецизното слетување во води во близина на Јапонија.

Северна Кореја тест

Ким во соопштение нагласува дека по лансирањето на новиот тип интерконтинентална балистичка ракета, Северна Кореја „конечно ја остварила својата историска цел – целосна нуклеарна сила, поради што и ја градела ракетна моќ“. 

Ракетата била истрелана во 18:17 по Гринич од Саин Ни во западно-централниот дел од Северна Кореја. 

Тоа беше прво лансирање откако Северна Кореја истрела ракета од среден дострел над Јапонија на 15 септември.

- Развојот и унапредувањето на стретешкото оружје има за цел одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата од американската империјалистичка уценувачка политика, се вели во соопштението на севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Американски медиуми јавуваат дека истрелувањето на ракетата испраќа јасна порака до администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која ја врати Северна Кореја на списокот на спонзори на тероризам, но и ги уништува дипломатските напори да се решат по мирен пат несогласувањата пред одржувањето на ЗОИ во Јужна Кореја.

Потпретсеателот на САД, Мајк Пенс ја предупреди Северна Колреја да не ја тестира решеноста на претседателот на САД Доналд Трамп. Пенс рече дека Вашингтон разгледува нови мерки по новата балиситчка проба на Северна Кореја и оти „сите опции се на маса“. 

И државниот секретар на САД Рекс Тилерсон го осуди истрелувањето на балистичка ракета и ја повика меѓународната заедница да испрати до Пјонгјанг едногласна порака да се откаже од развојот на оружје за масовно уништување. 

Во изјавата на Стејт департментот се наведува дека САД и Канада ќе свикаат средба на земјите-членки на ОН, за да разговараат за тоа како меѓународната заедница може да се спротивстави на севернокорејската закана.

Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека ракетното тестирање од страна на Северна Кореја нема да го смени ставот на САД кон Пјонгјанг.

- Тоа е ситуација за која ќе се погрижиме, посочи Трамп на вонредна прес конференција,

Претставници на јужнокорејската разузнавачка служба, на сослушувањето во парламентот на Сеул, соопштија дека комунистичкиот Север веројатно наскоро ќе спроведе нов нуклеарен тест за атомско или термонуклеарно оружје.

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин најновата ракетна проба на Северна Кореја ја нарече „сериозна закана“ за светскиот мир и ја потенцираше потребата од интензивирање на санкциите и притисокот врз Пјонгјанг, со цел да се обесхрабрат „неговите нуклеарни амбиции“.

Тој на седница на Советот за национална безбедност истакна дека Сеул нема да „седи и да чека“ на провокациите на Северна Кореја и оти ќе работи со САД на зајакнување на сопствената безбедност.

Мун посочи дека Сеул го предвидел последното лансирање ракета од Северна Кореја и се подготвила за тоа.

Јужна Кореја изведе воена вежба само неколку минути  откако е забележано дека е лансирана ракета од правец на Северна Кореја.

Од своја страна, јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека неговата земја го побарала истото поради уште една во низата воени провокации на Пјонгјанг.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека лансирањето ракета ја поткопува регионалната и меѓународната безбедност.

Тој упати апел до Северна Кореја да го обнови дијалогот со меѓународната заедница.

- Најостро го осудувам најновиот тест на балистичка ракета од страна на Северна Кореја. Тоа претставува продолжување на кршењето на повеќе резолуции на Советот за безбедност на Обединети нации, со што се потткопува регионалната и меѓународната безбедност.