Седмо издание на „Неделата на дизајн во Скопје“
Седмото издание на „Неделата на дизајн во Скопје“ (Skopje Design Week) ќе биде отворено в среда во Центарот за дизјан и иновации „Јавна соба“. Публиката до 26 ноември ќе може да ги погледне последните достигнувања на младите таленти од Македонија и регионот.
Тема на годинашното издание на „Неделата на дизајн во Скопје“ е „Звукот на материјалите“, а земја во фокус е Унгарија, од каде доаѓа изложбата „Обликување на Унгарија - дизајнот во 21. век“. Преку оваа изложба во „Јавна соба“ ќе се претстават 25 современи млади индустриски дизајнери, инватори и инженери, кои на најдобар начин потврдуваат дека се потомци на генерацијата од 20. век која ги постави темелите на унгарската креативност.
„Јавна соба“ како организатор на седмото издание на „Неделата на дизајн во Скопје“ денеска организира средба со медиумите, на која ќе биде претставена програмата на манифестацијата и позиционирањето на младите дизајн брендови. Најавено е присуство на унгарскиот амбасдор во Македонија Ласло Истван, Жарко Конески од Британски совет и Марија Нововиќ Јовановска од „Skopje Design Week“.
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка
-
Џафери ќе информира за работата на техничката Влада
-
Путин повторно го предложи Михаил Мишустин за премиер
-
Вучевиќ честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска Давкова: Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа
-
Средба на началниците на генералштабовите на армиите на Норвешка и Северна Македонија
-
Нетанјаху: Немаме избор освен да го уништиме Хамас
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно и посвежо