Македонија
13. December 2017 - 16:48

Се треба да биде транспарентно: Владините функционери јавно ќе ги објават службените трошоци

Сметките од службените ручеци, патувањата во странство, подароците, секој денар потрошен од буџетската каса кој го направиле министрите, нивните заменици, државните секратари но и генералниот секретар на Влада ќе бидат објавени во јавност. Министерот без ресор задолжен за комуникациите, отчетноста и транспарентноста им наложил на членовите на првиот ешалон да ги достават трошоците.

Трошењата на директорите ќе почекаат втора фаза, откако службите ќе завршат со чешлањето на сметките на министрите.

Секторот за односи со јавност во владата ја добил обврската да изработи и софтверско решение за прикажување и визуелизација на службените трошоци и да ги објават на официјалниот сајт на владата.

Од Илинденска број 2 по објавата за надоместоците на членовите на ДИК ја ислучија можноста за интервенција оти се работело за независно тело, ниту пак изразија иницјатива за законски изменио кои ги дозволуваат наградите  вредни илјадници евра. Реакцијата по однос на трошоците на владините службеници ќе се прецизира само ако бидат утврдени неправилности во работењето.