Македонија
27. April 2016 - 17:43

Се самоуби скопјанец во Капиштец

Полицијата потврди дека телото на 40-годишниот Коста Крпач е најдено во неговиот стан на улица Иво Лола Рибар откако полицајци тргнале да влезат во станот по сомнеж дека од неговиот стан е пукано во пракирано комби, објави Телма.

Полицијата го нашла Крпач со прострелна рана во градниот кош. Првичните сомнежи се дека станува збор за самоубиство, но полицијата истражува и друга можност. 

Коста Крпач е академски сликар и  директор на компанијата „Финзи ДООЕЛ“ која сега е сопственик на веб-порталот „Нетпрес“.