Свет
18. April 2017 - 20:53

Се самоуби мажот кој објави убиство во живо на Фејсбук

Мажот, за кого полицијата се сомнева дека убил повозрасен човек и тоа злосторство во живо го пренесувал на Фејсбук, се самоубил денеска во округот Ири, по кратката потера што по него ја спроведе полицијата на Пенсилванија. 

Во полициското соопштението се наведува дека Стив Стивенс (37) е осомничен дека во неделата го убил Роберт Годвин (74) кој собирал конзерви, а потоа го објавил видеото од убиството на Фејсбук. 

Видеото од убиството на социјалната мрежа било прикачено околу три часови пред да биде отстрането. 

Компанијата соопшти дека го исклучила профилот на Стивенс 23 минути откако ја примила првата пријава за поставеното видео.