Џет-Сет
30. July 2016 - 17:02

Се разрешува случајот: Исчезна свршеникот на актерката која се самоуби

Вереникот на трагично загинатата Патриша Банерџи, најпозната по улогата на малечката невеста во истоимената индиска серија, исчезна веднаш откако полицијата издала налог за негово апсење под сомнение за поттикнување на самоубиство на индиската актерка.

Четири месеци по трагичното самоубиство, полицијата собрала доволно докази за да го уапси вереникот, актерот Раул Раџ.

Како што пренесуваат индиските медиуми, во текот на истрагата полицијата сослушала 63 сведоци. Повеќето од нив истрагата ја насочиле кон Раџ, а голем број на изјави на сведоци предизвикаа многу контроверзии во овој случај.

Од една страна, полицијата не е во можност да го уапси главниот осомничен, бидејќи неколку дена се води за исчезнат. Од друга страна, таткото на актерката за индиските медиуми изјави дека полицијата го штити Раџ.

– Многу сме незадоволни од начинот на кој полицијата го испитува случајот. Нас за ништо не нè известува, а од друга страна се многу незаинтересирани кон оној што е одговорен за нејзината смрт. Раџа не може тукутака само да исчезне, тој мора да има силна врска со полицијата – вели таткото на загинатата актерка.

Сепак, контроверзиите не завршуваат тука, а еден од најголемите е секако сведочењето на психијатарот Винеш Џајраџ, кој открил дека два дена пред да изврши самоубиство, Банерџи го контарктирала преку неговата веб-страница. Таа му се пожалила за проблемите во љубовта, поради кои била хронично депресивна и наклонета кон размислување за смртта.

– Таа звучеше вознемирено и уплашено. Сакав да ѝ помогнам, макар со разговор. Понекогаш е доволно само некој да ве слушне. Потоа решението самото се наметнува. Сепак, тоа беше разговор по кој Банерџи не се појави – вели доктор Џајраџ.

Тој открива дека шпекулациите за абортус на актерката се вистина, и дека таа била подложена на киретажа во седмиот месец од бременоста. Исто така, докторот открива дека закажал состанок со актерката на денот кога таа беше пронајдена мртва.

Меѓу останатите изјави на сведоците коишто ја шокираа јавноста, особено внимание привлече онаа што ја даде модниот дизајнер Палави Синг. Тој под притисок од страна на инспекторите призна дека само неколку часа по самоубиството на Банерџи го замолил Раџ да му обезбеди одредена количина на дрога, а на списокот бил и кокаин.