Се разбудивме на минус температури - Еве во кој град беше најстудено
Најниска температура во седум часот изутрина е измерена во Берово, минус шест степени целзиусови, а минус пет степени во Скопје - Петровец, Битола и Демир Капија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Четири степени под нулата се регистрирани во Струмица и Дебар, минус три во Скопје - Зајчев Рид, Кавадарци, Прилеп, Штип и Маврово, минус два во Крива Паланка, Виница, Гевгелија и Куманово, минус еден Охрид, Претор, Лазарополе, нула во Дојран, два во Крушево.
Според УХМР, вреето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени. Во Скопје слично време со температура до10 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. До петок утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, додека дневната постепено ќе опаѓа за степен до два, така што во четврток максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи