Македонија
11. јуни 2017 - 16:31

Се подготвува ли терористички напад во Скопје, праша најпознатиот светски експерт за антитероризам и поранешен џихадист, Мубин Шаих

„Се подготвува ли терористички напад во Скопје, Македонија. Ако е така, ова може да биде сликата што ќе го докаже тоа. Вџашувачки резултати од следење на кибер просторот“. Со оваа порака на социјалните мрежи канадскиот експерт за антитероризам Мубин Шаих објави фотографија на која се гледа импровизирана експлозивна направа на која пишува „Shkupi“, пиштол и лице со брада за кој се претпоставува дека е припадник на некоја радикална милитантна организација. Според пораката, Шаих до оваа фотографија дошол преку интензивно следење на сајбер просторот на кој информации објавуваат членови и симпатизери на Исламската држава и слични милитантни групации.

Предупредувањето за можен терористички напад во Македонија, следи откако пред неколку дена исламски радикали се заканија дека Балканот е следната цел на ИСИС.

Суперкупот на Европа кој на 8 август се игра во Скопје помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид е еден од настаните за кои бебзедносните служби стравуваат дека може да биде мета на исламските радикали со цел да предизвикаат хаос.

Мубин Шаих е прфесор во Торонто, канадски експерт за антитероризам, но и поранешен џихадист кој се откажал од радикалниот ислам и почнал да работи против насилството на религиозна основа. 

Тој е поранешен припадник на службите за нациуонална безбедност со искуство во тајни операции и експерт за ислам, радикализација, дерадикализација и религиозно мотивираниот криминал.

По нападите на 11 декември 2001-та во Њујорк, Шаих поминал 2 години во Сирија на исламски студии по што се откажал од радикалниот ислам, почпнал со целосна дерадикализација и го отфрлил насилството во име на религијата.

По враќањето од Сирија повторно соработувал со службите за безбедност како таен агент, во неговата биографија е впишана и соработката со Обединетите нации, американски, канадски и европски институции и организации.