Македонија
30. April 2017 - 12:22

Се огласи убиецот на кучето од Дебар Маало: "Ова е мојата страна на приказната"

Скопјанецот кој вчера ја згрози Македонија и предизвика лавина бурни реакции и осуди, откако се секира уби куче, се огласи до медиумите и ја раскажа својата страна од приказната. вели самиот се пријавил во полиција и свесен е што направил, но тврди куќето неколку пати напаѓало во Дебар Маало, а никој не реагирал.
 
- Вистината можам да ја образложам и со медицинска документација, истото куче пред месец ме нападна, но за среќа поминав без последици. Потоа, една недела подоцна, беше нападнат и изгризан кај бутот и мојот брат. Заврши на Инфективната Клиника со тетанус, вели скопјанецот.
 
Додава дека нападнат вчера бил и неговиот стар татко, што предизвикало револт кај него. 86-годишниот скопјанец завршил исто така на Инфективно, со повреди и примил тетанус. Бил изгризан во ногата.
 
- Сите гледаа сеир, никој не се потруди да помогне, а кога сфатив дека кучето уште еднаш нападна отидов и се справив со тоа, можеше да нападне и деца, можеше да ги нападне и вашите деца, додава тој.
 
С.Христовски вели дека извршил дело од кое се срами и сам се пријавил во полиција.