Македонија
11. July 2016 - 16:54

Се е подготвено за стартот на Охридско лето

Се е подготвено за спектакуларното отварање на фестивалот Охидско лето.Една од најблескавите оперски музички имиња на светската сцена во последната деценија Елина Гаранча  и диригентот Ион Марин заедно со оркестарот на Македонската опера и балет најавија незаборавно уметничко доживување. Оперска дива воодушевена од Охрид и климата заедно со маестро Марин  ќе уживаат во културно историските споменици и македонската кујна .

Отварањето на 12 јули станува симбол за неповторлив настан кој воедно претставува еден од најексклузивните концерти во културните збиднувања во земјава.

Свеченото отварање е утре во 21 часот на Античкиот театар во Охрид.