-->
-->
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири манипулации за државните хартии од вредност и девизните резерви
-->
СДСМ денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести шири манипулации за реализираните аукции на домашниот пазар на хартии од вредност и за девизните резерви.
- Неиздржани се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно намалување на девизните резерви. Станува збор за редовна пракса на плаќање од единствената државна сметка на доспеани рати за кредити, камати и стари долгови направени токму од претходната власт, соопшти СДСМ.
Според партијата, граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат сериозност, а не ширење лажни вести.
- Единствената закана по Буџетот и економијата беа криминалните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои за свои криминални цели неконтролирано ги задолжуваа граѓаните и го издигнаа јавниот долг на ниво од над 50 отсто. Владата предводена од СДСМ работи на стабилизација на јавниот долг, на ефкасно управување со јавните финансии и во тој контекст долгот се намалува прв пат после неколку години, наведува СДСМ.
Обезбедени се, дополнува со соопштението, финансиски средства за покачување на минималната плата на 12.000 денари, вратени се 3,9 милијарди денари по основ на ДДВ кон фирмите и стопанството, обезбедени се средства за покачување на пензиите согласно трошоците за живот, односно 2.160 денари годинава повеќе за секој пензионер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд