Македонија
27. November 2017 - 17:12

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ безуспешно се обидува да создаде атмосфера на несигурност, граѓаните да бидат спокојни

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да создава атмосфера на несигурност и да ја вознемирува јавноста со лажни вести. Времето кога се сокриваа и заташкуваа насилства и убиства, а криминалците беа заштитени од институциите, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Државните институции, вклучително и Министерството за внатрешни работи, работат професионално, независно и неселективно во обезбедување на законите и постапуваат по секое незаконско дејствие без разлика кој е нивниот извршител.

Граѓаните треба да бидат спокојни, институциите професионално и независно ја извршуваат својата работа во заштита на законите и интересите на граѓаните.

Центар за комуникација со јавноста

Социјалдемократски сојуз на Македонија