Македонија
8. May 2016 - 16:11

СДСМ, СОРОС и БЕСА го демолираа Мостот Слобода- симбол на долгата борба за ослободување на македонскиот народ

„Со векови македонскиот народ се бореше за идеалот наречен слобода. Низ таа борба, илјадници и илјадници луѓе ги загубија своите животи или беа повредувани, затворани, измачувани, прогонувани и понижувани, но борбата за слобода секогаш продолжуваше.

Името на овој мост е во чест на сите тие жртви дадени низ вековите од многуте генерации, во индивидуалната и колективната борба за слобода“. Ова е натписот на постаментот на мостот Слобода кој вчера беше урнисан со боја и графити од страна на демонстрантите на СДСМ и Сорос , кои уште еднаш ја погазија честа на сите кои со векови се бореа за слободна Македонија.

По вчерашниот протест облеани во боја останаа сите слики и мотиви на мостот Слобода кои се дел од македонско културно наследство.

Ваквиот начин на изразуавње на револтот кај одредена група граѓани наиде на осуда од експертската јавност. Според аналитичарот Ристо Никовски, секој има право на мирен протест, но вандализирањето и уништувањето на значајни културни споменици претставува газење на македонскиот народ, а сторителите мора да ги сносат последиците.

Аналитичарите забележуваат дека и покрај тоа што протестите се водени од етнички мешани групи, сепак цел на напад и свернавење се единствено спомен обележјата на македонците. Информациите кои ги објавија дел од медиумите говорат дека тоа е последица на жестокото противење на БЕСА кои не дозволиле фарбање на спомениците на Хасан Приштина и Скендербег. Аналитичарите заклучуваат дека почитувањето на желбите на БЕСА на сметка на националните интереси, само ја докажува желбата на СДСМ да се деградираат македонците и нивните национални чувства и симболи.

Дека македонските граѓани веќе добро го имаат прочитано опозициското сценарио за насилни протести кои имаат за цел да ја отргнат Македонија од европскиот пат, заклучува и професорката Иванка Додовска.

Осуда за насилните и антимакедонски протести се почесто пристигнува и од интелектуалци кои често ја критикуваат власта.. Една од нив е и универзитетската професорка Билјана Ванковска која на социјалните мрежи напиша дека боењето споменици и државни институции веќе станува несимпатично, здодевно и бесмислено.

Прекршувањето на јавниот ред и мир и сквернавењето на културни споменици и институции во земјава е казниво со закон. Лицето затекнато да пишува или црта графити може да заработи казна од 100 до 400 евра, додека пак за оштетување на културно наследство предвидена е затворска казна од 1 до 10 години. Сепак, казните во Макеоднија се драстично помали во споредба со европските и светските кои достигнуваат и до 10.000 евра.