СДСМ: Сет мерки за економски развој и враќање на правната држава
Економски развој, побогат живот за граѓаните и правна државапо изборите на 11 декември, најавија денеска во Скопје лидерот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за носител на листата во Првата изборна единица Стево Пендаровски.
Заев изјави дека во нивната програма имаат сет на мерки со кои на граѓаните ќе им овозможат достоинствен и подобар живот.
- Сетот на мерки којшто постојат во нашата програма, преку намалувањето на трошоците на сите овие измислени трошоци од радиодифузни такси, до извршители, до казни, преку укинувањето на евтината тарифа и многу други, преку мерките за зголемување на социјалната помош, правичното одданочување и преку повратот на 15 проценти од ДДВ на секој граѓанин, ќе се враќаат на многу внимателен и сериозен начин парите назад кон граѓаните, рече Заев.
Стево Пендаровски, кој е кандидат за носител на листата во Првата изборна единица, рече дека приоритет по изборите ќе биде да се создаде правна држава, правото да биде неселективно применувано и да се врати се она што е противзаконски земено од страна на власта.
- Апсолутен приоритет по победата на 11 декември ќе биде правната држава да биде вратена, да биде функционална, бидејќи Македонија денес не е правна држава, а тоа може да се оствари ако правото биде неселективно применувано, рече Пендаровски.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа