Македонија
26. July 2015 - 17:15

СДСМ повторно сака контрола врз Агенцијата за медиуми

СДСМ бара агенцијата за медиуми да биде под нивна контрола, пишува Курир. Претседателот на партијата Зоран Заев во последното интервју за опозицискиот Фокус ја споменува Агенција за медиуми како предмет на преговори, на кои би наметнувале нивни предлози.  Според познавачите на состојбите ако СДСМ инсистира да има партиски човек на чело на оваа институција  тоа ќе биде враќање чекор назад односно партизација на агенцијата, а тоа е против сите европски стандарди и правила.

Од друга страна експертите  коментираат дека СДСМ се залага за демократија, а  всушност врши уривање на институциите преку поставување на партиски послушници.

Според пишувањата на порталот Курир  како што на Заев му е потребен специјален обвинител да го ослободи од случајот “Пуч”  сега ја бара и Агенцијата за медиуми за да ги контролира и уценува медиумите.

Инаку претходните  претседатели на Советот за радиодифузија од 1995 па до 2012 беа поставени од Собранието кога имаше мнозинство СДСМ и беа нивни предлози. Таков е случајот од првиот претседател, Љубомир Јакимовски, потоа неговиот наследник,. Ѓорги Варошлија, па се до Зоран Стефановски, чија сопруга имаше директни ралации со Социјалдемократите. Сегашниот состав на ова регулаторно тело гарантира најголема негова независност од постоењето. Актуелната власт изврши  измени со кои за прв пат во оваа тело предлагачи за членови во Советот има повеќе од невладини институции отколку од власта. Тоа беше барање на ЗНМ, инаку блиска до СДСМ.

Експертите коментираат дека сегашната опозиција и по ова прашање има двојни стандарди, кога нивни човек не е на чело на институција тогаш истата е партизирана.