Сараево: Босански активисти ги загрозуваат БиХ и Дејтонскиот договор
Босанскиот амбасадор во Вашингтон, Харис Хрле обвини дека групи од Босна и Херцеговина ги интензивираат своите активности во САД, со цел да ги загрозат безбедноста на земјата и Дејтонскиот мировен договор, јави агенцијата ФЕНА.
- Се бараат состаноци со американски функционери без знаење на Амбасадата, се злоупотребуваат посети на САД за конференции и состаноци на кои се работи спротивно на надворешната политика на Босна и Херцеговина, се феудализираат етничките стравови и се кокетира со теории на заговор, обвини Хрле, кој не прецизираше од која етничка или политичка страна во БиХ доаѓаат ваквите, според него, паралелни дипломатски активности.
Според Хрле, американски дипломатски кругови го забележале ова доаѓање на неформални делегации од БоХ во САД и побарале босанските предизборни политички пресметки да не се префрлаат во Вашингтон.
Хрле додаде дека зачестиле и обвинувањата на американски дипломати и функционери од страна на босански полтичари.
Ново на Сител
-
Приведена 23 годишна девојка од Кочани, натепала 69 годишна жена ѝ ја одзела чантата со пари
-
Продолжува дигитализацијата на општина Кисела Вода
-
Саборот ќе гласа за новата хрватска влада
-
Најмалку четворица загинати во невремето во Хјустон
-
СПМ: Владите на СДС со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба
-
Сообраќаен метеж и гужва кај „Веро Џамбо“ поради сообраќајка | ФОТО
-
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство