Самоопределување одново фрли солзавец во косовското Собрание
Пратеници од косовското движење Самоопределување денеска одново ја искористија старата тактика со употреба на солзавец да ја поречат работата на Собранието на Косово, овој пат конкретно да ја спречат ратификацијата на Договорот за демаркација на косовско-црногорската граница.
Иако собраниското обезбедување тврдеше дека се превземени сите неопходни мерки, солзавецот повторно се најде во собранската сала. Него овој пат го фрлија пратениците Џелал Сечија и Фиторе Пацоли.
Косовскиот министер за инфраструктура Пал Лекај од Алијансата за иднината на Косово (ААК) изјави дека солзавецот што беше фрлен денеска во салата бил „многу појак од оној кој го фрлил тој кога беше во опозиција“.
Остро на денеска фрлениот солзавец реагираше евроамбасадорката Наталија Апостолова, велејќи дека е вчудовидена од „опасните тактики“ на Самоопределување.
- Вознемрена сум од солзавецот во Парламентот! Шокирана сум што пратеници од еден Парламент во Европа применуваат опасни тактики кои Косово го враќаат назад, нагласи Апостолова.
Пратениците на Самоопределување и во претходниот парламентарен состав фрлаа солзавец со што ја оневозможија ратификацијата на Договорот за границата. Тогаш на нивна страна беше и ААК на актуелниот премиер Рамуш Хараднај, чии пратенци жестоко се спротвставуваа на Договорт потпшан во Виена во август 2015 година.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп