Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка
Сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со Закон од денеска ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за сместување дете во јавна градинка, информира Министерството за труд и социјална политика.
Тоа, како што појаснуваат, е овозможено со измени на Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитување, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца, што се објавени денеска во Службен весник на РМ.
- Во членот 3 од Правилникот е предвидено дека „Правото на партиципација во јавна установа за деца - детска градинка се остварува за дете од семејство на самохран родител (aко еден од родителите е починат или не е познат или му е одземено родителското право или ако од други причини едниот родител е спречен да го врши родителското право), со плата и други месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон, соопшти МТСП.
За остварување на правото на партиципација јавните градинки и сите самохрани родители кои ги исполнуваат законските услови треба да поднесат барање со потребната докуменетација наведена во Правилникот, до јавната установа за деца во која престојува односно е згрижено детето.
Во соопштението од МТСП се посочува дека ресорната министерка Мила Царовска ги донела измените согласно заложбите за поддршка на самохраните родители содржани во Програмата за работа на Владата.
Правилникот е објавен и на веб страната на МТСП.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен