Самохрана мајка добила известување дека детето нема да и го примаат во градинка поради неплатени сметки
Самохрана мајка стравува дека детето ќе и го избркаат од градинка бидејќи не успеала да плати две сметки. 3 годишната ќерка на Мирјана Бабамова е згрижена во Мајски Цвет во Карпош, од каде биле известени сите родители дека децата нема да ги примаат во градинка, доколку до понеделник не ги подмират трошоците за престој. Бабамова реагирала до сите надлежни институции но никој нема решение за проблемот.
Од мајски цвет одговориле дека министерството за труд и социјална политика нема донесено одлука со која се ослободуваат од плаќање самохраните родители и согласно правилникот таа е должна да плати.
- Надоместокот на трошоците за престој на вашето дето во ЈУОДГ„МАЈСКИ ЦВЕТ’ Карпош - Скопје сте должни да го платите во рок од 8 (осум) дена по приемот на уплатницата и должни сте за извршената уплата да доставите доказ на увид на воспитувачот или негователката во групата.
- Доколку навремено не ги подмирувате обврските спрема давателот на услуги, имаме право да го отстраниме детето, да се откаже понатамошното користење на услуги, да се испрати опомена како и да се поведе судска постапка за наплата на долг.
Од ресорното министерство велат дека Управниот одбор на градинката може да донесе самостојно одлука доколку сакаат некого да ослободат од плаќање и покрај тоа што не постои законско решение.
Во иднина ќе има законска регулатива на централно ниво, но кога е предидено да стапат на сила измените се уште не нема информација.
За Бабамова останува неизвесно дали од понеделник 3 годишната ќерка ќе оди во градинка или ќе мора да бара друго решение.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар