Руски воен брод пратил „предупредувачки истрели“ кон турски брод во Егејот
Официјална Москва денеска потврди дека руски воен брод испукал „предупредувачки истрели“ кон еден турски рибарски брод во Егејското море, во обид да се избегне судар меѓу двата брода.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се вели дека турскиот брод се приближил на само 600 метри до рускиот брод, пред да бидат испукани „предупредувачките истрели“ по што рибарскиот брод почнал забрзано да се одалечува.
Воениот претставник на Турција во Москва, бил повикан во руското Министерзтво за надворешни работи, за да му се изрази протест поради инцидентот.
Односоте меѓу Русија и Турција продолжуваат да бидат тензични, по соборувањето на рускиот „Сухој-24“ од турски воен авион, во пограничната зона на сириско-турската граница.
Москва тврди дека авионот бил соборен над сириската територија и бараат извинување од Анкара, додека турската страна одбива да го стори тоа, затоа што инсистира дека рускиот авион бил 17 секунди над турската територија.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд