Македонија
10. July 2015 - 16:33

Родум од Македонија - Проект за македонските иселеници

Македонци по потекло, но од мајчиниот јазик знаат само здраво. Ислениците не успеваат да го пренесат јазикот во наследство. Добро зборува само првата генерација.  Преку прокет,   студенти  од  дијаспората ќе се враќаат во Македонија.  Три недели ќе работат во невладини органи, државни институции, ќе бидат сместени во семејстава  и се надеваат дека ќе го научат јазикот на нивните предци.

-Кога ќе не прашатре за три недели ќе зборуваме сако македонски...многу сум вобуден што сум во македонија, што ќе ја запознаам земјата на моите баба и дедо..

Иако го знае македонскиот јазик минстерот Џери НАумоф вели дека за секојднева комуникација потребен му е англискиот.

ас научив по нешто, но не зборувам затоа што се плашам дека ќе згрешам, изјави Џери Наумоф- министер Без ресор.

Пратеникот Павле Саздов кој е избран од диајспората вели дека, тие се трудат да обездедат книги, учебници, па дури и професори по македонски но интересот за изучување на јазикот е многу слаб.

-Тешко учат , се навикнуваат во средината која живета и таму нема потреба од македонски јазик, изјави пратеникот Павле Саздов

Проектот на обединетата македонска дијаспора и  центарот за меѓународна сорабока стартува со 4 студенти од САД и Канада.  Оттаму се надеваат дека тој ќе се прошири  и интересот на дијаспората ќе биде се поголем.