-->
-->
Рио 2016: Фелпс „доплива“ до 22.то злато
-->
Американскиот пливач Мајкл Фелпс е најуспешниот на досегашните тек од Игрите во Рио откако ноќеска го освои четвртиот златен медал. Тој во финалето на трката на 200 метри мешано го освои првото место што е негов вкупно 22.ри златен медали на Олимписките игри или вкупно 26.ти медал. Тој имаше време – 1:54.66 минута. Среброто му припадна на Кусоке Хагино од Јапонија, а бронзата на Ванг Шун од Кина.
Во трката на 100 метри слободно кај жените беа доделени два златни медала. Исто време постигнаа Симоне Мануел (САД) и Пени Олексиак (Канада) - 52.70 секунди (олимписки рекорд). Бронзата и припадна на Сара Сјостром од Шведска.
Во трката на 200 метри грбно кај жените златото го освои Рие Кането од Јапонија, „сребрена“ стана Јулија Ефимова од Русија, а бронзата и припадна на Јинглин Ши од Кина.
Доминацијата на Американците во дисциплината 200 грбно продолжи откако Рајан Марфи победи во финалето, пред Мичел Ларкин од Австралија и Евгени Рилов од Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Манолева: Договорени се алтернативнин решенија за хируршките сали
-
ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија
-
Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции
-
Кое е вашето емотивно наследство? | Марина Анчевска | Личен развој | Sitel Podcast 040
-
Македонските кикбоксери од Балканско со 9 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали
-
Најтопло во Велес, Гевгелија, Кавадарци - 34 степени, до крајот на денот локална појава на пороен дожд и грмежи
-
Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина, приведени три лица
-
Повеќе загинати и повредени во пожар во руска нафтена рафинерија