Македонија
24. September 2016 - 17:00

Ретроспектива: Каков циркус направи Јанева во Собранието и како и одговорија пратениците

Поради приватни обврски на Катица Јанева за време на викендот собраниската расправа по 6-месечниот извештај на СЈО продолжува во понеделник. Ваквиот некоректен однос на Јанева според претседателот на собраниската комисија за политички систем Влатко Ѓорчев е уште еден доказ за непочитување на законодавниот дом, а единствената мисија на Специјалното обвинителство е ВМРО-ДПМНЕ да добие помалку од 62 пратеници на претстојните парламенатри избори.

- За стабилноста и иднината на македонската држава важно е ВМРО-ДПМНЕ да има 62 пратеници. Со своите дејстувања СЈО единствено што може е да направи да после изборите имаме обид за коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА нешто што го гледавме во февруари и март месец и да е испорача двојазичост на Република Македонија. Рамковен договор, надграден и проширен во нова и уште поголема рамка. Рамковен договор кој ќе значи федерализација на Република Македонија, територијализирање на федерацијата и таа федерација која може да доведе во општините Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Кичево, Тетово да нема команди на македонски јазик, односно да има двојазичност и да се даваат исклучиво на албански јазик. Немаме ништо против албанскиот јазик, тоа е многу убаво регулирано во Рамковниот договор, но доколку ВМРО-ДПМНЕ благодарение на активностите на СЈО нема 62 пратеници, тогаш ќе имаме сосема друга ситуација во македонската држава, вели Ѓорчев.

Во рамки на тридневната собраниската расправа, Јанева не даде ниту еден конктретен одговор на прашањата на пратениците. Патениците жестоко реагираа и на нејзините конфузни изјави дека во досега прилсушаните материјали нема ниту еден разговор на опозицискиот лидер Зоран Заев, а подоцна рече дека разговорите на Заев не се битни за работењето на Специјалното обвинителство.

Специјалната обвинителка повторно не сакаше да го образложи финансискиот дел од извештајот, ниту каде се потрошени повеќе од 60 милиони денари во изминатите 6 месеци. Пред пратениците Јанева призна дека за најголемиот дел од отворените предмети Специјалното обвинителство нема докази.

Најголемиот дел од пратениците жестоко реагираа и на изјавата на Јанева дека за нејзе Собранието е нелегитимно, а во исто време од пратениците побара преку законски измени да и го продолжат мандатот. Со ваквата изјава на Јанева се согласија единствено пратениците од опозицијата.

Катица Јанева од Собранието побара целосно да се укине членот 22 од Законот за Специјално обвинителство, односно нејзиниот тим да нема времески рок во кој ќе треба да ги заврши истрагите и да ги покрене обвиненијата.