-->
-->
Рекол дека нема што да пријави, а кога ја отвориле торбата имале што да видат
-->
За време на редовна контрола на меѓународниот аеродром во Белорусија, граничарите поради рутинска контрола ја отвориле торбата на еден руски државјанин и буквално се замрзнале од шок, кога виделе што има во неговиот багаж.
- Забележавме дека чудно се однесува и самиот говор на телото укажуваше дека му е непријатно, односно дека е нервозен поради некоја причина. Тоа беше првиот сигнал да го издвоиме, изјавил еден од полицајците.
Во торбата која ја носел со себе имал ни помалку, ни повеќе, туку неколку вида змии, гуштери, пајаци и шкорпии.
Со брзата реакција на полицијата, спречено е мажот да ја помине сигурносната врата и да влезе во авион.
Човекот е уапсен, а засега не е познато зошто се обидувал да ги прошверцува овие животни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје