Бизнис
20. December 2016 - 19:43

Рејкјавик најскап, Скопје најевтин главен град во Европа за прослава на новогодишните празници

Главниот град на Исланд, Рејкjавик е најскапиот  град во Европа за дочек на Божиќните празници. Просечната цена за една ноќ  изнесува 300 евра . Грчкиот сајт тревелмитх, направи истражување  каде е најисплатливо да се дочекаат празниците. Втор на листата е Лондон, една од најпопуларните  дестинации за Божиќ или за патување. Во просек за сместување за дочек ќе треба да се плати нешто под 300 евра. За околу  50 евра  поефтино, граѓаните можат да го дочекаат  празникот во  Париз. На 4 место на листатата за околу 200 евра, чини сместување во хотел во вечниот град на љубовта, Рим.

Во топ 10 позициите се ноаѓаат и главните градови на Австрија, Швајцарија и Чешка, а како популарни  дестинации се градовите Амстердам и Даблин.

Атина се наоѓа на средина на листата , на 23 позиција, каде за една ноќ ќе треба да се плати околу 100 евра.. Инаку главниот град на Грција е еден  од поефтините во Европа, зад Берлин, но пред Москва, Варшава и букурешт, а најскап на Балканот.

Во соседството се нудат многу пониски цени, наведено е во истражувањето. Во Софија, Тирана во просек ќе треба да се плати од 40 до 50 евра. Најевтин на листат е Скопје, каде сместувањето просечно чини 39 евра.

Цените се однесуваат на резервации направено до 14 декември.