Редок тропски ураган го погоди јеменскиот остров Сокотра
Силниот тропски ураган „Чапала“ го погоди утринава јеменскиот остров Сокотра во Арабско Море, предизвикувајќи човечки жртви и материјални штети.
Силниот ветер, кој дувал со брзина од 240 километри на час, проследен со обилни врнежи од дожд, како и високи морски бранови, ги натерал жителите на островот, засолниште да бараат во зградите на локалните училишта, како и во пештерите.
Засега се знае само за едно загинато лице, но се верува дека бројот на жрвите ќе биде многу поголем.
Сведоци испратиле снимки од налетот на ураганот, кои покажуваат дека многу улици во главниот град Хадибу, се поплавени.
Поминувајќи над Сокотра, ураганот „Чапала“ продолжил кон јеменското копно, зафаќајки го прво западниот реон на градот Мукала. Во овој дел од земјата, ветерот дувал со брзина од 165 километри на час.
Ураганите се реткост за островот и за овој дел од светот. Метеоролозите пресметаа дека во само два дена, наврнал дожд во висина од 500 милиметри, што е десет пати повеќе од годишниот просек.
Островот Сокотра, кој е поблиску до Рогот на Африка. отколку до јеменското копно, има важна стратегиска улога и се оценува како „стражар“ на влезот и излезот на Црвено Море.
Во времето на Студената војна на овој остров се наоѓаше голема воена база на поранешниот Советски Сојуз.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници