Македонија
1. August 2017 - 19:10

Реакција за потпишување на Договорот со Бугарија

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Димитар Стевананџија денеска најјави дека ќе бара преиспирување на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија кога ВМРЕ ДПМНЕ ќе се врати на власт. Смета дека тој договор е штетен за нашата земја.

„И ТОА ЌЕ ДОЈДЕ МНОГУ ПОБРЗО СОГЛАСНО СИТЕ ПРОЦЕНИ, НЕ ПОВЕЌЕ ОД 18 МЕСЕЦИ ОД ДЕНЕШНИОТ ДЕН, ЦРН ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА“, напиша на својот ФБ профил пратеникот на ВМРО ДПМНЕ.

Инаку, пред два дена највисоките партиски тела на ВМРО ДМПМНЕ донесоа одлука дека нема да го поддржат Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.

„Со сегашните одредби на овој договор, можеби не веднаш, но по една и повеќе години од неговото потпишување, во времето на неговото спроведување, Република Македонија ќе се соочи со сериозни проблеми, чие решавање ќе биде на штета на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ под вакви услови не сака да ја споделува одговорноста која СДСМ ќе ја има пред граѓаните на Република Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска пак, здружението Македониум организараше мирен протест пред Владата поради потпишување на Договорт за добрососедство. За нив најспорна е точка 11 од тој договор.

Тие сметаат дека Македонија и Бугарија немаат никаква заедничка историја, а доказ за тоа е декларирањето на бугарските историчари дека се наследници на Хан Аспарух.