Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за која велат дека е врв на лицемерието и двојните аршини.
Според нив, против полициските службеници кои не примениле сила при демолирањето, палењето и ограбувањето на канцеларијата на Претседателот на Република Македонија немаше никаква постапка, а против полицајците кои на 27 април кои постапиле на истиот начин сега се водат постапки.
- ВМРО-ДПМНЕ јасно го кажа својот став во врска со случувањата од 27 април. На физичкото насилство му претходеше политичко насилство. Одговорност мора да има и за политичкото насилство, велат од опозициската партија.
Тие во реакцијата бараат од Јавното обвинителство да не подлегнува на притисоците и заканите од СДСМ и да продолжи да постапува професионално, согласно Уставот и законите.
Според нив, барањата на Заев за смена на републичкиот Јавен обвинител со цел прикривање на сопствениот криминал и инсталирање на послушник кој ќе ги спроведува наредбите за политички прогон на неговите неистомисленици.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
