Свет
2. January 2016 - 18:46

Реакции и протести поради егзекуцијата на шиитскиот свештеник во Саудиска Арабија

Во Саудиска Арабија денеска се егзекутирани 47 луѓе осудени за тероризам, вклучително и истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр. Неговото погубување предизвика протести во Иран и во Бахреин, како и жестоки реакции од земјите во регионот.

Поранешниот ирачки премиер Нури ал Малики оцени дека погубувањето на „реномираниот свештеник“ ќе го обележи крајот на Владата во Саудиска Арабија.

- Остро ги осудуваме таквите гнасни секташки пракси и сметаме дека погубувањето на свештеникот ал Нимр ќе го урне саудискиот режим како и погубувањето на маченикот (Мухамед Бакир) ал Садра Садам (Хусеин), изјави Малики алудирајќи на истакнатиот шиитски свештеник убиен во 1980 година,

Ирачкиот свештеник Моктада ал Садр повика на демонстрации во Ирак и во земјите од Персискиот Залив поради егзекуцијата на ал Нимра.

- Барам шиитите во Саудиска Арабија да покажат храброст во својот одговор дури и по пат на мирни демонстрации, како и шиитите во Персискиот Залив, да ги сопрат неправдата и тероризмот на владите во иднина, посочи ал Садр.

Хезболах погубувањето на ал Нимр го оцени како убиство.

- Правата причина за убиството на ал Нимр е таа што тој се бореше за правата на угнетените, се наведува во соопштението на Хезболах.

Претходно, иранското Министерство за надворешни работи ја обвини Саудиска Арабија дека го поддржува тероризмот и ги убива противниците на режимот.

- Саудиска Арабија ги поддржува терористите и радикалните сунити, убивајќи ги и сузбивајќи ги оние кои ја критикуваат Владата во земјата, изјави портпаролот на иранското МНР, Хосеин Џавер Ансари.

И јеменското движење Хути го осуди погубувањето на шиитскиот свештеник.

- Кралското семејство Ал Суд денеска погуби светиот воин, големиот свештеник Нимр Бакр ал Нимр по лажното судење, што претставуваше јасно кршење на човековите права, наведено е на официјалната интернет-страница на Хутите.

Студентите на муслиманската верска настава денеска организираа протестен марш во светиот ирански град Кому во знак на протест поради егзекуцијата на истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр.

Десетици луѓе со турбани на глава и облечени како шиитските свештеници маршираа низ Кому носејќи фотографии на погубениот ал Нимр.

Во меѓувреме Иран  изрази протест до Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран поради погубениот шиитски свештеник.

Претходно, во Бахреин поради убиството на ал Нимр избија демонстрации, а полицијата употреби солзавец да ги растера учесниците. Демонстрантите носеа слики од ал Нимр, а се судрија со полицијата во шиитското село Абу Саиба, западно од Манапе.

Амнести интернешнел  убиството на свештеникот го оцени како дел од кампањата на саудиските власти за сузбивање на противниците.

Пред апсењет во 2012 година ал Нимр изјави дека народот не сака владетели кои убиваат демонстранти.

Саудиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека поголемиот број егзекутирани биле вклучени во нападите на Ал Каеда од 2003 до 2006 година.