Македонија
14. November 2017 - 13:36

Разбојништво со нож во Градски парк: Малолетник (15) остана без пари и јакна

Вчера во 18,00 часот било пријавено дека во Скопје кај фонтаната во Градски парк, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над 15 годишeн малолетник од Скопје, при што му ја одзеле јакната и 200 денари.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.