Расте бројот на опасни исламисти во Германија
Околу 500 опасни исламисти, кои имаат потенцијал да спроведат терористички напад, се идентификувани од германските служби за безбедност. Според весникот „Ди Велт“ за само една година бројот на потенцијално насилни исламисти се зголемил од 270 на 497 кои што се идентификувани од германската криминалистичка полиција, јави дописникот на МИА од Берлин.
Дополнителен број на 339 исламисти се идентификувани како „личности од интерес“ или индивидуалци кои што можат да помагаат или се симпатизери со терористички операции.
Во својата анализа за зголемениот број на опасни исламски радикали во Германија „Ди Велт“ предупредува на поврзаноста на терористите во повеќе европски земји и на можни терористички напади за време на Европското првенство во фудбал кое започнува на 10 јуни во Франција.
- Мораме да се соочиме со бруталноста на можните напади поради што зголемувањето на капацитетите на антитерористичките единици е апсолутно важно за да можеме да одговориме на нападите како тие што се случија миннатата година во Париз, вели директорот на Европол Роб Вејнрајт според кого ЕП 2016 година се дочекува со голема загриженост поради тоа што тоа претставува атрактивна цел за терористите.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар